Елизавета Баринова ќе ги освои сите обожаватели на ретро стилот и Златната ера на Холивуд.
Убавата девојка, која е родена во Русија, но живее во Париз, привлекува големо внимание на Instagram со модни комбинации кои потсетуваат на стилот на Одри Хепберн и Грејс Кели. Таа има инспирирано многу следбеници со уникатната смисла за мода и нејзината страст за винтиџ облека.
Досега, Елизавета на Instagram има речиси 320 илјади следбеници.