Почетна » Новости » Мода » Девојка со Даунов синдром го освојува модниот свет и ги менува стандардите за убавина

Девојка со Даунов синдром го освојува модниот свет и ги менува стандардите за убавина

Џесика Хасинто цели да ги промени перцепциите на луѓето за убавината, да го потсети светот дека секој човек е убав на свој начин и да не дозволи ништо да ѝ застане на патот до остварувањето на сонот да стане познат модел.

22-годишната девојка од Венецуела за првпат зачекори на модна писта во 2019 година, а оттогаш реди само нови и нови модни ангажмани.

„За мене моделството е како да студираш нешто што го сакаш, за кое имаш страст. Само што ќе зачекорам на пистата, се претворам во друга личност. Како некој друг да постои во мене и наеднаш да се појавува. Се чувствувам моќно“ – изјавила Џесика.

Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто

Секој кој работи со Хасинто има само позитивно искуство и е шармиран е од нејзината мотивација и харизмата.

„Ние сме различни, но не сме инфериорни“ – вака е насловен проект на Црвениот крст во Венецуела во кој учествувала Џесика.

„Проектот ми покажа дека можам да направам сè што ќе посакам и дека можам да извршувам различни активности. Благодарение на тоа, сега сум во академија за танц и за лизгање на мраз“ – објаснила Хасинто.

Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто

За остварувањето на сонот, на Џесика најмногу ѝ помогнала нејзината мајка со која има специјална врска.

Џесика Хасинто Џесика Хасинто Џесика Хасинто

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.