Диор ја избра Дева Касел за свој нов меѓународен амбасадор за мода и шминка.
19-годишната ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел сними фотосесија со која луксузниот моден бренд ја најави нивната соработка.
„Отсекогаш сум имала огромна почит за модната куќа Диор. Женствениот и префинет имиџ што тие го пренесуваат отсекогаш ме тераше да сонувам“ – рече Дева.
Дева е родена во Рим во 2004 година, но растеше и во Франција и Бразил. Како резултат на тоа, таа зборува пет различни јазици. На 16-годишна возраст, Дева влегува во светот на моделството и се појавува на повеќе корици на списанија и дефилира на ревии за врвни модни брендови, како што е Диор.
„Првото нешто што ми доаѓа на памет е винтиџ фотографија на Диор која особено ми ја будеше фантазијата кога бев помлада. На неа имаше женска силуета со голема шапка – елеганција и мистериозност во една слика“ – рекла таа.
Младата девојка го опишува својот стил со зборовите „кежуал шик“, но вели дека тој може да варира.
„Во мојот секојдневен живот, сакам да носам многу широки модели и да го мешам мажествениот со женствениот стил. Обожавам да испробувам нови нешта“ – рекла таа.
Дева ќе ги промовира креациите од Марија Грација Киури.