Александра Лап умее да ги носи најновите трендови, но со сопствен печат. Германската блогерка, која работи и како модел, без пауза реди стилски приказни привлечни за женското око, па разбирливо има голема база на обожаватели.
За инспирацијата зад многуте модни комбинации, таа вели: „Ликот Кери Бредшо од 'Sex and the City' е една од моите инспирации, но генерално, се инспирирам од убавата мода низ целиот свет. Патувањата и разговорите со интересни луѓе исто така ме инспирираат.“
Лап, која медиумите ја нарекуваат „Кери Бредшо од Диселдорф“ има соработувано со врвни брендови како Dior и IWC и дизајнери како Кристијан Лобутин.