Кралицата Летиција мами воздишки речиси на секоја свечена пригода.
50-годишната припадничка на шпанското кралско семејство пленеше во нежен и елегантен стајлинг на најновиот прием во кралската палата во Мадрид.
Сопругата на кралот Фелипе шармираше во комбинација од долго розово здолниште и бела кошула со панделка. Својот стилски избор, Летиција го надополни со пастелни обетки.