Хелен Мирен докажа дека годините се само обична бројка додека чекореше на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал.
78-годишната актерка присуствуваше на премиерата на „La Plus Précieuse des marchandises“ за која избра виолетова креација од колекцијата висока мода за сезоната есен 2023 на либанскиот дизајнер Ели Сааб. Својот изглед, Мирен го надополни со накит од Шопард.
Хелен вели дека секој треба да се прифати и сака себеси онаков каков што е.
„Вистинскиот трик е да научиш да се прифаќаш и сакаш себеси, да ја прифатиш твојата апсолутна индивидуалност и да се гордееш со неа“ – рекла таа за People од Кан.