Џенифер Лопез ја дизајнираше својата прва чанта во соработка со Coach.
Музичката ѕвезда покажува дека чантата е дизајнирана за дамите да можат да ја носат во секоја пригода. „Се вљубувам во секоја компактна чанта што можам да ја ставам на рамото и рацете да ми бидат слободни. Затоа, навистина сакав оваа чанта да потсетува на мене. Да биде гламурозна и кул“ – вели Лопез.