Неколку часа откако со принцот Хари и синчето Арчи го посети архиепископот Дезмонд Туту, Меган Маркл се сретна со жени претприемачи во Кејптаун.
Секоја од жените сподели своја сторија за започнувањето сопствен бизнис. Групата разговараше за успесите и потешкотиите, како и за амбициите за иднината.
38-годишната припадничка на британското кралско семејство носеше елегантен црн комбинезон од брендот Everlane, кој чини 120 долари. За да внесе динамика во својот стајлинг, Меган избра впечатливи обетки од GAS Bijoux. Нејзиниот изглед вклучуваше и салонки од Маноло Бланик.