Војвотката Кетрин и принцот Вилијам денеска присуствуваа на кралската забава во градината на Бакингемската палата.
37-годишната Војвотка носеше префинето розово палто од Александар МекКвин, шапка од Џулиет Ботерил, обувки од Џанвито Роси и обетки од принцезата Дијана.
Кралицата Елизабета се поздравуваше со стотиците гости кои уживаа на традиционалниот настан. Вообичаено, на забавата во градината се служат околу 27.000 шолји чај, 20.000 парчиња торта и исто толку сендвичи.