По пристигнувањето во Варшава, војвотката Кетрин и принцот Вилијам присуствуваа на забава во градина.
Прославата беше организирана од страна на британскиот амбасадор во Полска, по повод роденденот на кралицата Елизабета.
35-годишната сопруга на принцот Вилијам носеше бела креација со црни детали од полската дизајнерка Гоша Бачинска.
Кралскиот пар имаше и средба со претседателот на Полска, Анджеј Дуда и неговата сопруга Агата.
Кетрин и Вилијам се на петдневна турнеја низ Полска и Германија, заедно со своите две деца.