Тони Вард заплива во светот на мистичните волшепства. Либанскиот дизајнер се инспирираше од нежноста и сензуалноста на божиците и нимфите за да ја создаде новата колекција висока мода за сезоната есен/зима 2024.
Свечени фустани кои заробуваат погледи и инстантно мамат воздишки ја сочинуваат колекцијата насловена „Nymphs Rebirth“ (Преродбата на нимфите).
„Таа е сила на природата, таа е во водите што ве опкружуваат, во планините што ги искачувате, во шумите што ги барате, во литературата што ја читате и уметноста што ја храните.“
„Нејзината убавина зрачи надвор од универзумот... Толку далеку, но толку блиску.“
„Муза, мистерија, небесно суштество со фреквенција што ве води кон фантазијата“ – стои во описот на колекцијата.