Викторија Бекам со впечатлив изглед го освојуваше вниманието на папараците и фановите, непосредно пред нејзиното гостување во шоуто на Кели Рипа и Рајан Сикрест.
Славната дизајнерка чекореше самоуверено пред хотелот во кој престојува во Менхетен во асиметричен фустан од нејзината нова линија Victoria Beckham Body.
Деновиве Бекам е посветена на промовирањето на нејзиниот најнов козметички производ – руменилото Cheeky Posh.