Ријана влезе во улогата на влогерка и пред камерите на „Вог“ покажа како се шминка.
За туторијалот, славната пејачка очекувано користи декоративна козметика од својот мејкап бренд Fenty.
Во видеото таа открива дека научила да го контурира лицето кога ја покачила тежината. „Научив како да контурирам кога се здебелив, верувале или не. Тогаш станува мошне полезно. Во ‘дебелите’ денови кога образите ти личат на бебешки образи“ – вели таа.