Почетна » Новости » Мода » ВИДЕО: Манекенките паѓаа на добротворната ревија на Наоми Кембел

ВИДЕО: Манекенките паѓаа на добротворната ревија на Наоми Кембел

Наоми Кембел намами многу славни манекенки и холивудски ѕвезди да ѝ се придружат на ревијата организирана за помагање на жртвите од катастрофалниот земјотрес во Јапонија. Хуманитарната ревијата беше одржана вчера во рамките на Канскиот филмски фестивал.

Секоја од учесничките сакаше да се претстави што поблескаво на пистата, но три од нив имаа мали проблеми за време на модната прошетка.

Една од манекенките трипати се заниша и успеа да се задржи, а друга падна и веднаш се исправи. Но, најголеми проблеми имаше 17-годишната Линдзи Виксон која падна трипати едноподруго.

Линдзи Виксон Линдзи Виксон

На ревијата 41-годишната Кембел се појави 3 пати, облечена во креации на Alexander McQueen, Yves Saint Laurent и Marchesa.

Наоми КембелНаоми Кембел Каролина КурковаКаролина Куркова

Освен Наоми, на пистата прошетаа и Каролина Куркова, Јасмин Ле Бон, Росарио Досон и 73-годишната Џејн Фонда.

Џејн ФондаЏејн Фонда Јасмин Ле БонЈасмин Ле Бон
Росарио ДосонРосарио Досон Линдзи ВиксонЛиндзи Виксон

Погледнете го видеото со незгодите на манекенките:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20790 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.