Дејвид Бекам позира облечен само во бели боксерки во телевизиската реклама за H&M. Рекламата ќе биде прикажана за време на овогодишниот Super Bowl, кога за 30 секунди компаниите ќе плаќаат во просек по 3,5 милиони долари.
Во рекламното видео, во фокусот е 36-годишниот фудбалер и неговото тело. Додека во позадина се слуша песната „Don’t Let Me Be Misunderstood“ од The Animals, Дејвид покажува модели од неговата колекција долна облека за познатиот шведски бренд.
„Јас и мојот дизајнерски тим ја развиваме колекцијата 18 месеци, тоа беше одлично искуство и многу сум среќен со крајниот резултат“ – изјавил Бекам. Колекцијата е составена од машки килоти, боксерки, маици и пижами, а ќе се најде во продавниците токму пред Св. Валентин.