Victoria’s Secret знае како да го привлече вниманието на своите клиентки. Откако минатата година организира егзотично патување за своите ангели во Порторико, овој пат познатиот бренд за долна облека ги испрати атрактивните модели на идиличниот остров Сент Бартс, за снимањето на специјалното видео „Victoria’s Secret Swim 2016“.
Кендис Сванапул, Лили Олдриџ, Беати Принсло, Марта Хант, Тејлор Хил, Елза Хоск, Лаис Рибеиро, Сара Сампајо, Роми Страјд, Жозефина Скривер, Екатерина Григориева, Стела Максвел, Моника Џак Јагачак и Џасмин Тукс позираа на песочните плажи пред објективот на Расел Џејмс.
За музичкиот дел беа задолжени Ник Џонас и Деми Ловато.
Ѕирнете како се забавуваа убавиците за време на снимањето на фотосесијата за новиот каталог на VS: