Женствено и мажествено, формално и игриво... Донатела Версаче си поигра со контрасти за најновата колекција за сезоната ресорт 2023.
Италијанската дизајнерка привлекува погледи со комбинации кои обединуваат младешки и бунтовнички дух, ведри бои и возбудливи силуети.
„Оваа сезона е многу импулсивна и енергетична, како нашата Версаче девојка да била излезена во клуб и да се враќа дома со кожената јакна на нејзиниот дечко облечена над летен фустан за забава... Ова се изгледи кои велат: никогаш не ја потценувај моќта на жената Версаче“ – појаснува Донатела.