Војвотката Кетрин ги привлече сите погледи на гала-вечера во Кенсингтонската палата за Центарот за ментално здравје „Ана Фројд“.
35-годишната припадничка на британското кралско семејство носеше фустан од чипка со потпис на Дајен фон Фирстенберг.
За време на свеченоста, таа имаше можност да поразговара со семејства на кои им има помогнато центарот, како и претставници на хуманитарната организација посветена на менталното здравје на децата.
Истиот фустан Кетрин го носеше и додека беше бремена со принцезата Шарлот, пред речиси три години.
Кетрин и принцот Вилијам објавија дека нивното трето дете е планирано да се роди во април следната година.