Бред Пит и Пенелопе Круз ја отворија ревијата на Шанел во Париз со краток романтичен филм.
Во него, 60-годишниот актер и 49-годишната актерка глумат заљубен пар кој оди на љубовен состанок во ресторан во Довил, едно од омилените места на дизајнерката Коко Шанел. Холивудските ѕвезди всушност пресоздадоа сцени од францускиот филм „A Man and a Woman“ од 1966 година, добитник на два Оскари.
Пенелопе стана бренд амбасадор на Шанел во 2018 година.
Довил е градот во кој Шанел ја отвори првата продавница на францускиот моден бренд, пред повеќе од еден век.
На ревијата беше презентирана колекцијата есен/зима 2024-25.