Блогерка која чекори во петтата деценија од животот ги пресоздава популарните стајлинзи од Pinterest.
Кристин Брајант се инспирира од модните комбинации на блогерките кои имаа најмногу прегледи и допаѓања на популарната социјална мрежа. Потоа ги копира истите споделувајќи совети и насоки за купување.
На сите оние кои допрва планираат да зачекорат во светот на блогерството, креативната Канаѓанка им советува:
„Направете го тоа! Сега е многу потешко да се истакнете од времето кога јас почнував, но дефинитивно е остварливо, само морате да ги пронајдете ‘вашите луѓе’. Има група за сè, само треба да се појавите таму. Откако еднаш ќе го пронајдете вашиот глас и причината за да бидете на социјалните мрежи, ќе пронајдете истомисленици и тие ќе ве пронајдат вас. Најефективниот начин за да растете на Instagram деновиве е преку reels и ако други слични страници ве споделат“.