Тилан Блондо ги направи првите чекори во модниот свет уште на 4-годишна возраст, кога беше дел од ревија на Жан Пол Готје, а потоа брзо нанижа повеќе фотосесии и кампањи. Заради модните фотографии, таа беше нарекувана „најубавото девојче на светот“.
На 10-годишна возраст, Тилан беше ѕвезда во контроверзен едиторијал на „Вог“ Париз. На фотографиите беа прикажани мали девојчиња облечени и нашминкани како возрасни жени, па веднаш наидоа на куп негативни критики.
Малата Французинка порасна. Таа сега има 16 години и забележително се враќа во модната индустрија. Тилан дефилираше на ревијата на Долче и Габана во Милано, а претходно беше гостинка на ревиите на Томи Хилфигер и Мајкл Корс во Њујорк.
Со оглед на тоа што има многу фанови и од пред неколку месеци може да се пофали со договор со L'Oréal, веројатно допрва ќе слушаме многу за Тилан.