Маријана Матеус освојува со дамските и елегантни модни комбинации кои ги објавува на Instagram.
52-годишната српска модна дизајнерка постојано добива комплименти за стилот и покрај тоа што чекори во шестата деценија од животот и веќе има две внучиња. Маријана редовно тренира и го негува своето тело, а цели да инспирира што повеќе жени да се грижат за себе.
„Потсетете се, секој момент кој си го посветувате себеси е чин на љубов и почит кон себе“ – пишува таа.
Љубовта на Маријана кон модата се развила уште кога била мала, бидејќи мајка ѝ честопати ја водела на ревии во Белград. Таа сега поседува свој моден бренд кој го промовира низ светот. Сепак, таа признава дека насмевката е најважното нешто што жените можат да го носат на себе.
„Ништо што носите не е поважно од вашата насмевка“ – пишува таа.