На Кристи Бринкли годините не ѝ можат ништо.
Славниот модел и на 70-годишна возраст изгледа феноменално, а нејзиниот најнов стајлинг ѝ донесе само комплименти.
На лансирањето на најновото издание на Sports Illustrated Swimsuit, атрактивната убавица носеше црвена креација со шлиц од Norma Kamali која одлично го оцрта нејзиното витко тело.
Кристи е една од ѕвездите на насловната страница на јубилејното 60-то издание на списанието.