Реми Бадер ја продлабочи својата соработка со Revolve. Plus-size моделот, кој се прослави преку TikTok, ја создаде втората колекција за познатиот моден бренд.
Самата Реми е ѕвезда во рекламната кампања и ги презентира модните парчиња креирани за претстојните празнични забави.
Колекцијата се состои од 21 модел во кежуал и гламурозен стил, кои доаѓаат во големини од XXS до 4X.
Реми е категорична дека големините како 3X и 4X треба да бидат вклучени во модната понуда на многу брендови, бидејќи таа добила доста позитивен фидбек за тоа.
„Се обидувам да ги прикажам големините 2X, 3X и 4X на различни тела за да покажам дека и луѓето кои носат такви големини, можат да изгледаат прекрасно во овие модели“ – изјавила Бадер.
„Навистина се погрижив клиентките да се чувствуваат комфорно, независно од нивниот стил“ – дополнила таа.
@remibader REMI X REVOLVE: NOV 14TH!!!! XXS - 4X Who's wearing this for NYE?
♬ samsinclairfx on instagram - Sam Sinclair
@remibader REMI X REVOLVE. Nov 14th!!!! XXS TO 4X.
♬ original sound - Remi Jo
@remibader NOV 14th!!!!!! XXS - 4X #REMIXREVOLVE ♬ original sound - Remi Jo
@remibader NO BUT EVERYONE LOOKS SO GOOD IN REMI X REVOLVE!!!! #photoshoot #plussize #inclusivity #bodydiversity #plussizefashion #amsterdam #remixrevolve ♬ Lovin On Me - Jack Harlow