Ѓорѓи Петрушев ја збогатува македонската модна сцена со своите дизајнерски дела.
Младиот дизајнер ја создаде неговата прва самостојна колекција, која зрачи со женственост и елеганција.
„Женственост, елеганција, убавина, грациозност, возвишеност се зборовите кои сакав да им паднат на ум на луѓето кога ја гледаат оваа колекција“ – изјави Ѓорѓи за Femina.mk.
„Анализирајќи ги женските заоблени елегантни линии на цвеќињата, особено моите омилени, лалињата, истражувањето на светот на високата мода по Втората светска војна и стариот холивудски гламур се главната инспирација и референци зад оваа колекција.“
„Сакав да ја раскажам приказната за момент во време на прекрасна трансформација на самиот себе, моментот кога гасеницата станува пеперутка, кога парталите на Пепелашка се претвораат во прекрасен фустан, кога конечно станувате она што навистина сте. Верувам дека облеката има способност да раскажува приказни и служи како медиум, затоа користев убави ткаенини како свила и кадифе, кои можат да покажат елеганција и убавина, исто така го користев обликот на срцето, бидејќи срцето е симбол на љубов и храброст, што го покажува моментот на вистинитост кога конечно ќе станеш свој“ – додаде младиот креатор.
На рекламната фотосесија модел е Мила Арсова, а за фотографиите се погрижи Антонио Станков.