Почетна » Новости » Мода » 7-годишно дете кое тврди дека беше Гучи во минатиот живот стана хит со импресивните креации

7-годишно дете кое тврди дека беше Гучи во минатиот живот стана хит со импресивните креации

Детенце со талент за дизајнирање и создавање облека стана хит на интернет.

Макс Александер вели дека во минатиот живот бил Гучи, а неговата работа импресионира илјадници луѓе. 7-годишното момче создава свои креации од 4 години и ги продава низ целиот свет.

Макс Александер Макс Александер
@couture.to.the.max I thought he was crazybwith these 2 fabrics, then of course… genius. #maxalexander #couturetothemax #kidsfashioninspo #kidsfashiontrends #couturier ♬ Stolen Dance (Instrumental) - Milky Chance

Неговата мајка Шери Медисон вели дека не го забележала неговиот талент пред тој да изрази желба да создава облека на 4-годишна возраст.

„Не забележав, тој самиот ни кажа. Бевме на вечера за време на карантинот и буквално ни соопшти дека му треба кукла. Беше сериозен, не се смееше. Му реков дека никогаш не сум го видела заинтересиран за мода и го прашав за што зборува. Ми рече дека тоа е затоа што нема кукла и дека ако му купам кукла ќе ми покаже дека е шивач“ – рекла Медисон.

@couture.to.the.max Nighttime fittings at thr house of Couture to the Max #dressmaker #couturedesigner #kidscouture #kidsfashion ♬ Aesthetic - Tollan Kim

Работата на Макс започнала откако ја добил првата импровизирана кукла направена од картон.

Макс Александер

„Едноставно започна да прави фустани, тоа беше најлудото нешто. Истрчав и го повикав сопругот. Му реков да дојди да види што прави Макс. Беше лудо“ – додала таа.

Откако направил неколку фустани, Макс започнал да ги моли родителите да научи да шие. Медисон му ги покажала основите на шиењето, но тој брзо ги надминал нејзините вештини, по што започнал да посетува часови.

Интересот на Макс за шиењето постојано ја импресионира мајка му и таа вели дека тоа го прави најсреќен.

„Многу е посветен и многу се забавува. Навистина неговото студио е неговото среќно место. Делот што е невообичаен и што најмногу ме импресионира е неговата посветеност за дете на толку мала возраст и неговата вистинска страст да сака да направи луѓето да се чувствуваат убаво, нешто што ни го кажува од 4 години.“

Макс Александер Макс Александер Макс Александер Макс Александер

„Сака жените да се чувствуваат убаво и тоа е она што го движи. Никогаш нема покажано интерес да ја носи самиот облеката. Не прави ни машка облека. Само сака жените од сите големини да се чувствуваат убаво“ – вели мајка му.

Макс досега има дизајнирано стотици парчиња, а има добиено порачка за јакна и од Шерон Стоун.

Макс Александер
@couture.to.the.max Thabk you @Sharon Stone for supporting Max! This jacket was a real challenge but he stuck with it! #maxalexander #couturetothemax #kiddesigner ♬ Angel - Shaggy

Сонот на Макс е еден ден да застане на чело на модната куќа Гучи или да има свое ателје „Couture to the Max Italian“.

Неговата мајка не се гордее со него поради неговата работа, туку поради неговиот карактер.

„Има златно срце. Сè што прави е за да ги усреќи луѓето. Неговата цел со фустаните е да направи луѓето да се чувствуваат убаво“ – вели таа.

Макс Александер Макс Александер Макс Александер Макс Александер Макс Александер Макс Александер Макс Александер Макс Александер Макс Александер Макс Александер Макс Александер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.