Јасмин Фурми на 52 години стана вистинска модна инспирација. Таа докажува дека не треба да дозволиме годините да нè ограничуваат и спречуваат да ги правиме нештата кои ги сакаме.
60-годишната блогерка и дизајнерка порано била социјален работник во болница, но не била среќна со својата професија. Откако ја откри скриената љубов кон модата, таа признава дека се чувствува поисполнето и посреќно.
Јасмин верува дека секоја личност треба да ја следи својата страст независно во која деценија од животот чекори.
„Јас сум голем поборник за жените да ги прават нештата кои ги сакаат без да чувствуваат потреба дека треба да се извинат за тоа. Жени... луѓе од секоја возраст треба да го прават тоа што го сакаат со страст. Имам 60 години и сакам сите да знаат дека можеш да правиш што сакаш на која било возраст“ – вели таа.
Јасмин е коосновач на брендот „SiSi the collection“. Таа вели дека кога започнала да ги споделува своите аутфити на социјалните мрежи, не ни помислувала дека еден ден ќе заработува од тоа.
„Имав среќа што луѓето зпаочнаа да го забележуваат мојот уникатен стил. Ми одзеде многу време на почетокот, бидејќи не знаев колку можам да наплатам. Но, имав познаници во модната индустрија со кои се консултирав. Уживам во социјалните мрежи, тоа не е работа за мене. Соработките и партнерствата доаѓаат сосем природно“ – вели таа.
Јасмин како дете живеела во Јоханесбург, Јужна Африка, а потоа со семејството се преселила во Австралија.