Почетна » Новости » Мода » 60-годишен модел со седа коса од Србија го освојува светот: Запознајте ја Александра Русо

60-годишен модел со седа коса од Србија го освојува светот: Запознајте ја Александра Русо

Александра Русо е сениор модел од Србија чие лице може да се сретне на многу билборди и рекламни постери ширум светот.

60-годишната Србинка со седа коса ја започнала модната кариера кога имала 54 години. Таа случајно била пресретната од фотограф кој создава сток фотографии и била поканета да позира за него.

Русо објаснува дека ова е последната кариера за којашто размислувала во животот. „Ова е единствената работа која ме избра мене, а не јас неа. Фотограф ме виде на улица и ме праша дали би се фотографирала за нивните сток фотографии. Најпрво не знаев што значи сток фотографии, но потоа прифатив и со години соработував само за нив“ – изјавила таа.

„Во оваа работа важно е да сте природни, да имате убава насмевка и барем малку да ве сака камерата. Ако душата ви се смее, тоа ќе се види и на лицето и на фотографијата дури и кога не се смеете“ – вели Александра.

Нејзините фотографии се купувани од брендови од разни континенти. Русо вели дека кога нејзиниот син, кој живее во Америка, за првпат видел нејзина фотографија во маркет во Сан Франциско, застанал да се фотографира со рекламниот постер.

„Син ми живее во Америка веќе една година и за него тоа беше поемотивно. Замислете влегувате во продавница и таму стои билборд со вашата мајка“ – вели Русо.

Русо има две внучиња.

Александра Русо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 19749 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.