Дита Вон Тис, или како што е нарекувана Кралица на бурлеската, е препознатлива по ретро стилот кој го негува. Беспрекорната кожа на лицето, црвениот кармин и црниот ајлајнер години наназад се дел од имиџот на 40-годишната танчарка.
По објавувањето на нејзината прва козметичка колекција во соработка со германскиот бренд „Art Deco“, префинетата Американка откри пет совети за постигнување на винтиџ изглед со помош на шминка:
- Кожата со боја на алабастер е совршена основа за винтиџ изглед. Никогаш ни на сон не би се сончала – секогаш користам крем со заштитен фактор и ставам шапка кога сум на сонце.
- Класичниот црвен кармин е најшик бјути изјава. Усните со мат изглед се како сочни ливчиња од роза. Додајте само малку сјај на средината.
- Во 30-тите и 40-тите години, оставањето на полумесечина во долниот дел на ноктот беше дефиниција за елеганција. Сега повторно е модерно и шик.
- За драматичен изглед, започнувам со неутрален изглед на очниот капак, го дефинирам окото со црна сенка по вдлабнатината. Завршувам со блескава бела сенка на очниот капак и на коската под веѓата.
- Секогаш си го напудрувам носот со камена компактна пудра во украсена кутија.