Почетна » Новости » Мода » 47-годишна блогерка со седа коса освојува на Instagram со изгледот и софистицираниот стил

47-годишна блогерка со седа коса освојува на Instagram со изгледот и софистицираниот стил

Блогерка со седа коса нуди совети за убавина и софистицирани модни комбинации за жени над 40 години, мамејќи воздишки со изгледот.

Никол Џонсон Санчез привлекува внимание со дамските модни комбинации и позитивната енергија која ја шири преку својот Instagram профил. 47-годишната Американка со грчко потекло се инспирира од силни жени кои ги менуваат перцепциите на општеството за убавината и старењето.

Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез

„Ме инспирираат жени со класичен, софистициран и безвременски изглед, како и жени кои ја прифаќаат нивната седа коса и го менуваат начинот на кој општеството гледа на жените и стареењето“ – вели таа.

„Давам совети за физичка активност над 40 години. Тука не станува збор за натпреварување со социјалните мрежи и со девојките кои се 20 години помлади, туку станува збор за славење на твојата возраст и за тоа да се биде благодарен и посветен“ – пишува Никол.

Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез

Шармантната блогерка со години отворено зборуваше за неплодноста и за нејзиниот трнлив пат, сакајќи да стане мајка. По четири години поминати во примање хормони и неуспешни инвитро постапки, таа ја прифатила реалноста и одлучила да се фокусира на нејзината среќа.

„На моето последно неуспешно инвитро, ѝ реков на медицинската сестра: ‘Слушни ме, јас не сум таа девојка што ќе седи во овој кабинет и ќе чека да види две розови линии. Доста е’. Излегов од таа клиника со крената глава и со мисија да си ги вратам среќата и животот назад. Предизвиците нè прават она што сме. Ако не поминев низ неплодност, немаше да запознаам толку многу силни и неверојатни жени низ целиот свет. Истото е и со мојата седа коса. Бев толку уморна од борбата, па кога мојата седа коса започна да се појавува на четвртиот инвитро циклус, едноставно ја прифатив“ – вели таа.

На сите жени им дава еден совет: „Верувајте во себе и одделете си време за да се спознаете себеси“.

Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез Никол Џонсон Санчез

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20782 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.