Почетна » Новости » Истражувања » Што се случува во женскиот мозок за време на оргазам?

Што се случува во женскиот мозок за време на оргазам?

За прв пат научниците имаа можност да набљудуваат што се случува во женскиот мозок за време на оргазам. Со помош на MRI скенери тие снимиле како реагира мозокот кога жената ќе го достигне врвното задоволство.

Како што сигурно претпоставувате, било потврдено дека она што се случува е многу комплексно.

Заклучок од истражувањето: 30 различни области од женскиот мозок се активираат кога жените достигнуваат оргазам и задоволството е толку големо што жените веќе започнуваат да не чувствуваат болка.

Мозокот за време на оргазам

Научници од Њу Џерси со помош на магнетна резонанца го набљудувале мозокот на жени кои се самозадоволувале. Сите жени кои учествувале во истражувањето успеале да достигнат оргазам, но на некои им биле потребни 20 минути, а на други – помалку од 5.

Во текот на тој период, скенерите правеле слика од мозокот на жените на секои 2 секунди за да се види кои делови се активираат за време на оргазам. Снимките покажале дека кај жените се активираат многу различни области од мозокот како центрите за допир, емоции, задоволство и памтење.

Било откриено дека активирањето на различните центри од мозокот се случувало по ист редослед кај сите жени.

Професорот Бери Комисарук изјавил: „Побаравме од жените да се самозадоволуваат и да ги подигнат рацете кога ќе достигнат оргазам. Некои жени ги подигнаа рацете неколку пати во текот на една сесија, честопати на растојание од само неколку секунди. Тоа докажува дека жените имаат подолги оргазми и можат да доживеат неколку последователни оргазми“.

Во просек женскиот оргазам трае 10-15 секунди, а машкиот само 6.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.