Почетна » Новости » Истражувања » Што мажите и жените (не) сакаат кај возењето на спротивниот пол?

Што мажите и жените (не) сакаат кај возењето на спротивниот пол?

Со цел да провери дали сè уште постојат стереотипите помеѓу мажите и жените возачи, компанијата за автомобилски делови Halfords направила истражување во кое учествувале 2000 возачи.

Со истражувањето било откриено кои се работите што мажите и жените ги сакаат и ги мразат кај возењето на спротивниот пол.

Жена возачНа мажите им се допаѓа тоа што жените се љубезни кон останатите возачи

Скоро половина од жените признале дека кај мажите возачи најмногу им се допаѓа тоа што знаат што треба да прават кога ќе се дупне гума или кога ќе се расипе автомобилот на сред пат, 41% признале дека им се допаѓа тоа што мажите знаат да паркираат во тесен простор, а 39% изјавиле дека најдоброто нешто кај машките возачи е што можат добро да маневрираат и да возат рикверц.

Од друга страна, 46% од мажите изјавиле дека кај жените возачи најмногу им се допаѓа тоа што секогаш носат храна и пијалоци на долг пат и организираат паузи за јадење или кафе. Второ на листата на работи кои мажите ги сакаат кај жените возачи е тоа што секогаш прашуваат за правец кога се изгубени.

Работи кои жените ги сакаат кај мажите возачи

  1. Секогаш знаат што да прават кога ќе пукне гумата или ќе се расипе автомобилот
  2. Начинот на којшто паркираат во тесен простор
  3. Способностите за маневрирање и возење рикверц
  4. Чувството за ориентација
  5. Начинот на возење на автопат и кружен тек

Работи кои мажите ги сакаат кај жените возачи

  1. Секогаш носат храна и пијалок за на долг пат и организираат паузи за кафе и јадење
  2. Прашуваат за правец кога ќе се изгубат
  3. Љубезни се кон другите возачи
  4. Не го губат трпението и не избувнуваат додека возат
  5. Начинот на којшто му зборуваат на возачот за да не заспие

Истражувањето ги извадило на површина и работите кои мажите и жените ги мразат кај спротивниот пол кога станува збор за возењето. Еве ги и нив:

Работи кои жените ги мразат кај мажите возачи

  1. Возењето премногу блиску зад автомобилот пред нив
  2. Брзото возење
  3. Користењето на мобилен за време на возењето
  4. Покажувањето на бес и лутина
  5. Одбивањето да прашаат за правец
  6. Постојаното менување на радио станиците

Работи кои мажите ги мразат кај жените возачи

  1. Им одзема многу време за да паркираат
  2. Ставањето на шминка и поправањето на косата додека чекаат на семафор
  3. Времето што им е потребно да тргнат од место на семафор, раскрсница или кружен тек
  4. Се вртат додека зборуваат со другите патници наместо да гледаат во патот
  5. Незнаењето да возат на кружен тек или да ги користат лентите на автопат

Од компанијата која го спровела истражувањето изјавиле дека се изненадени од фактот што сè уште постојат толку многу стереотипи, затоа што во нивните продавници сè почесто жените пазарувале делови за автомобили. Исто така, сметаат дека е добро што покрај навиките кои ги нервираат, и мажите и жените за многу други работи им се воодушевуваат на возачите од спротивниот пол.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20836 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.