Иако најголем дел од истражувањата доаѓаат до заклучокот дека мажите се подобри возачи од жените, најискрените личности, децата, велат дека мајките се подобри возачи од татковците.
Најголем дел од децата сметаат дека татковците преземаат многу ризици додека возат и дека мајките се посигурни возачи.
Околу 70% од децата изјавиле дека нивните татковци почесто се наоѓаат во ситуација за малку да се судрат со друг, почесто возат брзо и се расправаат со другите возачи.
40% од децата ја избрале мајката како посигурен возач со кој се чувствуваат побезбедно, а само 26% го избрале таткото.
Освен што се чувствуваат побезбедно со своите мајки, на децата им е и поинтересно да патуваат со нив. Третина од децата изјавиле дека повеќе сакаат да патуваат со своите мајки затоа што им зборуваат повеќе.
Сепак, децата признале дека мајките не се најдобри во сè. Така, 60% изјавиле дека татковците се подобри во возењето рикверц и паркирањето, а 62% од децата признале дека нивната мајка почесто залутува во возењето.
Во истражувањето учествувале деца на возраст од 6 до 15 години.