Чоколадото е омилена храна на жените. Иако е штетно за убавата линија, чоколадото помага за подобрување на расположението. Сега ќе имаме уште една причина плус за да го јадеме омиленото чоколадо, затоа што научниците откриле дека консумирањето на едно чоколадо неделно може да спречи мозочен удар.
Истражување во Канада во кое учествувале 50 000 луѓе покажало дека оние кои јадат чоколадо имаат 22% помали шанси да настрадаат од мозочен удар, отколку оние што не консумираат чоколадо.
Второ истражување покажало дека луѓето кои јадат 50 грама чоколадо еднаш неделно, ја намалуваат веројатноста да умрат во случај на удар со 46%.
Сепак, колку и да е корисно, чоколадото треба да се консумира умерено, затоа што содржи заситени масти кои што водат до дебелеење.