Ако сакате цел ден да бидете насмевнати и да зрачите со позитивна енергија, не го избегнувајте утринскиот секс.
Британско истражување покажало дека паровите кои имаат секс наутро се чувствуваат среќни во текот на целиот ден. Но, тоа не е единствената бенефиција од сексот.
Според истражувањето направено од Деби Хербеник, авторка на книгата „Because It Feels Good“, сексот исто така го зајакнува имуниот систем, а кај жените, создавањето на хормонот естроген помага за подобрување на квалитетот на косата и ноктите.
„Утринскиот секс го поттикнува создавањето на хормонот окситоцин, кој прави партнерите да се чувствуваат сакани и поврзани во текот на целиот ден. Тој исто така ве прави и посилни и поубави – утринскиот секс го зајакнува вашиот имун систем“ – изјавила Деби.
Брачниот советник Џејн Грир наведува дека немањето на време е уште една причина паровите да имаат секс наутро.
„Утрата се совршено време за да се насладите на брзиот секс, затоа што најверојатно ќе се брзате и адреналинот од спонтаниот секс ќе го направи целото искуство уште поинтензивно“ – објаснила таа.
Изминатите години беа направени многу истражувања кои ја потврдуваат полезноста на сексот. Едно од нив покажало дека имањето на секс три пати неделно може да го преполови ризикот од срцев или мозочен удар. Друго истражување пак открило дека секојдневниот секс го подобрува квалитетот на спермата и ги зголемува шансите за зачнување.