Легендарната песна „Everybody Hurts“ на групата R.E.M. е прогласена за песна која најлесно може да ги расплаче мажите. Истражување на PRS for Music покажа дека оваа прекрасна балада најмногу ги трогнува претставниците на посилниот пол.
На второ место на листата се наоѓа незаборавниот хит на Ерик Клептон „Tears In Heaven“, а на третото – „Hallelujah“ од Леонард Коен.
Во истражувањето учествувале повеќе од 1700 луѓе, а еве ја целата листа на песни кои најлесно можат да ги натераат мажите да пролеат некоја солза:
- Everybody Hurts – R.E.M.
- Tears in Heaven – Ерик Клептон
- Hallelujah – Леонард Коен
- Nothing Compares 2 U – Шинејд О’Конор
- With or Without You – U2
- The Drugs Don't Work – The Verve
- Candle in the Wind – Елтон Џон
- Streets of Philadelphia – Брус Спрингстин
- Unchained Melody' – Тод Данкан
- Angels – Роби Вилијамс