Музиката буди емоции и сосема очекувано е некои песни да нè растажуваат, а други да нè радуваат. Повеќето луѓе имаат пролеано солзи додека слушаат одредена песна.
Истражувачите тврдат дека седум од десет мажи имаат плачено на некоја песна, а речиси 90% од жените признале дека некогаш им се навлажниле очите додека слушале емотивна песна.
Истражувањето било направено на иницијатива на продуцентот Дејвид Кинг, кој сакал да открие што повеќе за моќта на музиката.
Во рамките на истражувањето учесниците одредувале и кои се најтажните песни на сите времиња. Врз основа на резултатите, моќната балада на REM „Everybody Hurts“ е прогласена за најдепресивна песна на сите времиња.
„Candle in the Wind“ од Елтон Џон е втората најтажна песна, а „The Living Years“ од англиската група Mike and the Mechanics била посочена како трета песна што најмногу ги растажува луѓето.
Дури 84% од претставниците на посилниот пол на возраст од 18 до 24 години имаат пуштено солза на одредена песна, но тој процент опаѓа до 74 кај мажите повозрасни од 55 години.
„Да бидам искрен, не бев ни малку изненаден од тоа што мажите имаат толку силна реакција на музиката. Јас сум бил во и околу музиката цел живот и знам колку моќен ефект може да има на луѓето“ – изјавил Кинг.
Резултатите се поклопуваат со резултатите од минатогодишно истражување, кога беше откриено дека „Everybody Hurts“ е песната која најмногу ги трогнува мажите.