Почетна » Новости » Истражувања » Тинејџерките се пијанат почесто од тинејџерите

Тинејџерките се пијанат почесто од тинејџерите

Не е тајна дека во денешно време тинејџерите многу често консумираат алкохол и неретко се во пијана состојба. Но, иако ќе си помислите дека момчињата почесто се пијани од девојките, истражувањата го велат токму спротивното.

Девојките на 16 години се пијанат многу почесто од нивните врсници од посилниот пол, тврдат истражувачите.

Девојки што пијат коктелиИако девојките консумираат помалку алкохол, почесто се во пијана состојба

Истражувањето кое било направено од Институтот Каролинска во Шведска покажало дека иако девојките консумираат помалку алкохол од момчињата, тие почесто се во пијана состојба. Исто така, резултатите велат дека дури 80% од сите тинејџери на возраст од 15 и 16 години редовно пијат алкохол.

Во истражувањето учествувале 38 370 тинејџери од 23 земји. Велика Британија и Норвешка се единствените земји во Европа во кои тинејџерките пијат почесто од тинејџерите.

Експертите советуваат родителите да негуваат поблиски односи со своите деца за да се намали ризикот од прекумерно консумирање на алкохол. Било откриено дека е помалку веројатно една девојка да пие алкохол ако одржува блиски односи со своите родители, особено со својата мајка.

Девојките кои редовно седнуваат на маса заедно со родителите за време на оброците пијат многу помалку, затоа што се плашат да не ја изневерат довербата што родителите ја имаат во нив, тврдат експертите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20802 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.