Дали некогаш сте се запрашале кој парфем најмногу ги привлекува мажите? Благодарение на едно истражување можеме да дадеме одговор на тоа прашање. Одговорот е - вечниот Шанел 5.
Популарната актерка Мерлин Монро никогаш немала проблем со мажите. Кога била запрашана што носи во кревет, нејзиниот одговор бил: „Зошто, Шанел 5 се разбира“.
Ново истражување покажа дека жените кои го користат заводливиот парфем Шанел 5, полесно можат да си најдат момче. Една од десет жени тврди и дека го сретнала мажот на своите соништа, додека го користела овој парфем.
Втор на листата на парфеми кои ги привлекуваат мажите е Be Delicious од DKNY, а трет Ghost од Ghost.
Во истражувањето учествувале 3000 жени, а дури 85% од нив изјавиле дека добиле комплимент од маж за парфемот кој го користат.
Точно 82% од учесничките во истражувањето сметаат дека употребата на парфем е неопходна при излегување со момче. Повеќе од половината од анкетираните ја поддржуваат тезата дека жената треба да има одреден парфем кој ќе ѝ биде како заштитна марка, а 37% секогаш го купуваат истиот парфем.
Помеѓу парфемите кои најмногу ги привлекуваат мажите се најдоа и Eternity for Women од Calvin Klein (4 место), Hugo Woman од Hugo (5 место), Angel од Thierry Mugler (7 место).
Добро размислете пред наредното купување на парфем.