Почетна » Новости » Истражувања » Со сок од домати против остеопороза

Со сок од домати против остеопороза

Сокот од домати е ефективен начин за зацврстување на коските, т.е. одличен сојузник за превенција на остеопороза. Тоа е заклучокот на канадски научници кои го испитувале ефектот на сокот од домати врз здравјето на коските.

Сок од доматиСокот од домати ги зацврстува коските

Истражувачи од Универзитетот Торонто побарале од 60 жени на возраст од 50 до 60 години да ја прекинат консумацијата на какви и да било производи од домати во текот на еден месец. Тоа довело до значително зголемување на нивото на N-telopeptide, супстанција којашто се појавува во крвта кога коските се кршат.

Потоа, на истите жени во текот на 4 месеци им била давана дневна доза стандарден сок од домати (со 15mg ликопен), збогатена верзија на сок од домати со 35mg ликопен, ликопен капсули или пак апчиња за плацебо ефект.

Резултатите покажале дека кај жените кои пиеле сок од домати или земале ликопен капсули нивото на N-telopeptide значително се намалило, а кај жените кои примале апчиња со плацебо ефект не се појавил таков ефект.

Магичната состојка која го овозможува ова позитивно дејство на доматот е ликопенот, антиоксиданс којшто го намалува ризикот од рак на простатата кај мажите и заштитува од болести на срцето.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.