Повеќето луѓе се чувствуваат среќни ако имаат сигурна работа и тоа им е многу поважно отколку висината на платата.
Резултатите од ново британско истражување покажале дека сигурната работа, личното здравје и односите со семејството се најважните фактори кои влијаат на среќата на луѓето. Скоро девет од десет учесници во истражувањето ги оцениле тие три фактори како најважни.
Истражувачите објаснуваат дека луѓето се чувствуваат среќни кога имаат сигурна работа затоа што така тие се помотивирани и посамоуверени, а тоа се одразува на целиот нивен живот.
„Животот на луѓето се распаѓа ако немаат работа. Поверојатно е да бидат во депресија ако немаат работа и постои силна врска помеѓу невработеноста и распаѓањето на семејствата и проблемите со здравјето“ – тврдат научниците.
Во истражувањето учествувале 2000 луѓе. Иницијативата за спроведување на вакво истражување дошла од британскиот премиер Дејвид Камерон, а целта била да се утврди благосостојбата на Британците.