Почетна » Новости » Истражувања » Рибиното масло заштитува од рак на дојка

Рибиното масло заштитува од рак на дојка

Ракот на дојка е реална закана за сите жени, па потребно е да знаеме колку што можеме повеќе за да успееме да ја спречиме неговата појава.

Научниците од центарот за истражување на ракот од Сиетл тврдат дека рибиното масло помага во заштитата од рак на дојка. Според нив, луѓето кои редовно земаат суплементи го намалуваат ризикот од појава на тумори.

Рибино маслоРибиното масло го намалува ризикот од појава на рак на дојка со 32%.

Во рамките на истражување во кое зеле учество 35 000 жени, било откриено дека кај оние кои редовно консумирале суплементи на база на рибино масло, ризикот од појава на рак на дојка се намалува со 32%. Научниците сметаат дека ваквото позитивно дејство на рибиното масло се должи на омега-3 масните киселини кои ги содржи.

Досега се знаеше дека рибиното масло ја подобрува работата на мозокот, но ова е прв пат да се направи врска со ракот на дојка.

Рибиното масло порано оваа година беше наречено „еликсир на животот“, откако научници од Сан Франциско откриле дека директно влијае врз продолжувањето на животот на клетките.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.