Почетна » Новости » Истражувања » Прозевањето може да е знак на сексуална привлечност

Прозевањето може да е знак на сексуална привлечност

Проѕевањето кај луѓето сè уште е мистерија. Обидувајќи се да дојдат чекор поблиску до тајната на проѕевањето, експертите од оваа област се собрале на Првата меѓународна конференција за проѕевањето, која што се одржа вчера во Париз.

Таму била претставена нова теорија според која се смета дека проѕевањето е знак на многу емоции како интерес, стрес и дури и желба за секс. За жал, научниците сè уште не можат да прават разлика помеѓу проѕевањето коешто укажува на поспаност и проѕевањето коешто значи сексуална возбуда.

Жена се проѕеваСпоред нова теорија, проѕевањето е знак на многу емоции како интерес, стрес и дури и желба за секс

Автор на новата теорија е истакнатиот експерт Волтер Сеунтјенс. Тој ја создал теоријата откако забележал дека многу луѓе се консултирале со сексолози за тоа дека се проѕеваат за време на секс и за време на предиграта.

Иако проѕевањето е многу честа појава (просечниот човек се проѕева 240 000 пати во текот на својот живот), научниците не можат да дадат конечен одговор на прашањето зошто се проѕеваме.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.