Минатиот месец канадски истражувачи објавија податоци кои укажуваат на тоа дека желбата за секс на жените во долга врска се намалува со текот на времето, а желбата за секс на мажите останува иста.

Со цел да открие барем дел од причините кои го предизвикуваат тоа, машкото списание Men’s Health побара мислење од експерти. Еве со кои постапки мажите го намалуваат женското либидо:
- Го игнорираат изгледот на својата партнерка. „Момците во долга врска се склони помалку да забележуваат кога нивната партнерка изгледа убаво, а желбата за секс кај жените во голема мера е поврзана со чувството на самодоверба“ – изјавил докторот на науки Јан Кернер, кој ги советува мажите почесто да им даваат комплименти на своите сакани за тие да можат да почувствуваат дека се секси.
- Вршат притисок врз својата партнерка за доживување на оргазам. „Добриот секс се темели на поврзаност и сензуално задоволство, а не на бројот на доживеани оргазми“ – вели Манија Робинсон. Таа ги советува мажите да не им поставуваат на жените прашања поврзани со оргазам и да бидат опуштени, бидејќи тоа е добро и за нивната ерекција и за либидото на нивната партнерка.
- Го споредуваат реалниот секс со порното. Експертите велат дека сексот во реалниот живот не е како во порно филмовите, па луѓето не треба да си создаваат нереална претстава за сексуалниот однос. Експертите ги советуваат мажите дека не е препорачливо сè што виделе на филм да го префрлат во реалност, бидејќи понекогаш може да не е безбедно, а понекогаш може да им е одбивно на нивните партнерки.
- Ги запоставуваат бакнежите и прегратките. Мажите кои се во подолга врска веднаш скокаат кон сексуалниот акт и забораваат на предиграта. Тие често го игнорираат фактот дека сексуалната возбуда кај жените се појавува постепено и дека малите нешта како милувања, прегратки и бакнежи ја будат и зголемуваат возбудата кај нивните партнерки.