Почетна » Новости » Истражувања » Потесна половина за подолг живот

Потесна половина за подолг живот

Просечниот обем на половината кај луѓето постојано се зголемува. Експертите проценуваат дека со секоја измината деценија од 60-тите години наваму, просечниот обем на струкот кај луѓето се зголемува со околу 2,5 сантиметри.

Таквиот тренд воопшто не влијае позитивно на здравјето, затоа што големиот струк докажано носи поголем ризик од смрт, особено од респираторни болести, болести на срцето и рак.

СтрукГолемиот струк носи поголем ризик од смрт

Едно од најголемите истражувања чија цел била да се проучи опасноста од натрупани масти на стомакот, покажало дека луѓето кои имале најголем обем на половината биле изложени на двојно поголем ризик од настапување на смрт во текот на наредната деценија, во споредба со оние кои имале најтенка половина. Во истражувањето, кое траело од 1997 до 2006 година, учествувале 100 000 мажи и жени.

Резултатите кои биле објавени вчера покажале дека за секои 10 сантиметри плус на обемот на половината, ризикот од смрт се зголемува за 15 до 25%.

Експертите советуваат да внимаваме каква храна внесуваме и да практикуваме активности како аеробик, трчање, возење велосипед. Тие предупредуваат дека вежбите за стомачни мускули немаат голема улога во намалувањето на обемот на половината.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.