Почетна » Новости » Истражувања » Популарните луѓе живеат подолго

Популарните луѓе живеат подолго

Консумирањето на алкохол, пушењето и прекумерната телесна тежина се штетни за нашето здравје. Но, истражувањата покажаа дека има и уште еден фактор кој влијае уште полошо врз здравјето, а тоа е осаменоста.

Американски научници, анализирајќи ги резултатите од 148 претходни истражувања, откриле дека популарните луѓе кои имаат многу пријатели и добри односи со семејството живеат подолго.

Весело друштвоЛуѓето коишто имаат многу пријатели и добри односи со семејството живеат подолго

Научниците тврдат дека осаменоста е понездрава од пушењето на 15 цигари дневно или пак од алкохолизмот. Споредувајќи ги податоците за повеќе од 300 000 луѓе, било откриено дека осаменоста е поштетна за здравјето од водењето неактивен живот и двапати поштетна од имањето прекумерна телесна тежина.

Според резултатите на истражувањето, популарните луѓе кои одржуваат контакти со многу познаници и пријатели имаат 50% поголеми шанси да доживеат длабока старост.

Претходни истражувања покажаа дека на луѓето кои никогаш не стапиле во брак им се поголеми шансите да умрат млади, во споредба со луѓето кои се развеле или кои се во брак.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.