Почетна » Новости » Истражувања » Половина од невестите се на диета пред свадбата

Половина од невестите се на диета пред свадбата

Свадбата е еден од најзначајните денови за многу жени и нормално е да посакуваат да изгледаат најубаво што можат. Подготовките за еден таков голем ден траат долго време и често вклучуваат диетален план за слабеење.

Британско истражување покажа дека половината од невестите се на диета во периодот пред свадбата. Покрај невестите, и гостите од женски пол се обидуваат да изгледаат одлично кога одат на свадба. Така, една петтина од нив се подложуваат на диета кога ги очекува свадба.

НевестаПоловина од жените се на диета пред својата свадба.

Но, зачудувачки е што дури третина од младите невести кои учествувале во истражувањето признале дека би избрале подебели деверици само за да изгледаат послаби во споредба со нив. Дури две од пет невести признале дека имале помала самодоверба кога нивните гости биле послаби.

Истражувањето покажало уште и дека купувањето на нова облека ја зголемува самодовербата на жените и дека 40% од жените сметаат дека новите чевли ќе направат тие да се чувствуваат подобро во својата кожа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.