Не го пропуштајте денешното излегување на кафе со пријателите, затоа што дружењето може да ви го продолжи животот.

Истражувачите откриле дека редовните контакти со пријателите можат да ви го продолжат животот со 3,7 години и дека пријателите имаат позитивно влијание кое може да се спореди дури и со откажувањето од пушењето.
Научниците тврдат и дека осамените луѓе имаат стапка на смртност еднакво висока како и алкохоличарите и дури повисока од луѓето кои страдаат од дебелина и кои не се физички активни.
За да дојдат до овие заклучоци, истражувачите анализирале податоци од 148 други истражувања кои биле правени во текот на 3 децении, а во коишто учествувале 300 000 луѓе.
„Пријателите можат секојдневно да ви го олеснат животот. Можат да ви позајмат пари, да ви понудат превоз, да влезат во улогата на бејбиситерка. Тие можат и да ве поддржат да имате подобри здрави навики, да посетите доктор и да вежбате повеќе. Исто така, можат и да ви помогнат индиректно со тоа што ќе направат да чувствувате дека има за што да живеете“ – изјавил Берт Учино, професорот кој стои зад истражувањето.
Според научниците, врската помеѓу смртта и осаменоста важи подеднакво и за мажите и за жените, без разлика на нивната возраст или претходна здравствена состојба.