Почетна » Новости » Истражувања » Партнерите се познаваат најдобро во првите години од врската

Партнерите се познаваат најдобро во првите години од врската

Повеќето луѓе си мислат дека колку подолго се заедно со својот партнер, толку подобро се познаваат еден со друг. Но, истражување на швајцарски, германски и американски научници покажало дека најдобро еден со друг се познаваат младоженците.

Истражувачите откриле дека партнерите кои биле заедно во просек 40 години знаеле многу помалку еден за друг во споредба со партнерите кои биле заедно само 1-2 години.

Среќен парПартнерите кои се заедно две години знаат повеќе еден за друг отколку оние кои се заедно над 40 години

Во текот на истражувањето научниците испрашувале две групи парови, едни млади, а други повозрасни. Секој од учесниците бил испрашуван за преференциите на неговиот партнер за храна, филмови и мебел за кујна.

Резултатите покажале дека 38—те помлади парови (на возраст од 19 до 32 години) кои биле заедно во просек 2 години и 1 месец, дале повеќе точни одговори од 20-те повозрасни парови (на возраст од 62 до 78 години) кои биле заедно во просек 40 години и 11 месеци.

И на трите теми повозрасните парови давале повеќе погрешни одговори, но најмногу на прашањата поврзани со храната што нивните сопрузи/ги најмногу ја сакаат.

Научниците признаваат дека се изненадени од ваквите резултати. „Ова е неочекувано, затоа што во споредба со помладите парови повозрасните имале многу повеќе време и можности да научат повеќе за преференциите на својот партнер“ – изјавиле тие.

Причина за ваквите резултати може да е тоа што повозрасните парови си посветуваат помалку време еден на друг, затоа што сметаат дека врската им е доволно цврста или дека доволно го познаваат својот партнер. Исто така, повозрасните парови многу почесто употребуваат бели лаги за да го пофалат готвењето на својот партнер или за да избегнат конфликт.

Од друга страна, младите парови се помотивирани да го разберат својот партнер во почетокот на врската.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.