Почетна » Новости » Истражувања » Овошјето и зеленчукот ни даваат привлечен златен тен

Овошјето и зеленчукот ни даваат привлечен златен тен

Тим шкотски научници тврди дека консумирањето на многу овошје и зеленчук е најефективниот начин да добиеме здрав златен тен кој ќе нè направи попривлечни за спротивниот пол.

Жена и морковиЛуѓето кои секојдневно јадат многу овошје и зеленчук имаат попривлечен тен

За да ја докажат својата теорија, научниците прво ја оценувале бојата на кожата на луѓето во однос на нивната исхрана. Тие откриле дека луѓето кои секојдневно јаделе повеќе овошје и зеленчуци имале поизразен златен тен и повисок процент на каротеноиди, кои најмногу ги има во жолтите и црвените пиперки, спанаќот, морковите, кајсиите и дињата.

Научниците потоа ја истражувале врската помеѓу бојата на кожата и привлечноста. Со помош на специјален компјутерски софтвер, тие ја менувале бојата на кожата на слики од 50 мажи и жени. Учесниците во истражувањето требало да изберат со каков тен лицата им изгледаат најздраво.

Резултатите покажале дека луѓето за попривлечни ги сметаат лицата со тен подобрен преку консумација на каротеноиди, а не лицата со тен подобрен со сончање.

Научниците потсетуваат дека за да имаме здрав изглед, не е важно само колку јадеме, туку и каква храна јадеме.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20838 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.